Душко Ристовски, Македонец во Бејрут, сведочи за смртоносната експлозија: Не знаев што да направам, само силно ги гушкав децата
Голем страв за себе и за своето семејство проследен со инстинкт за преживување биле првите чувства со кои се соочил Душко Ристовски, еден од веројатно двајцата Македонци што живеат во Бејрут, Либан, во првите моменти од експлозијата на пристаништето која пред два дена го потресе целиот свет, а во која загинаа најмалку 113 луѓе. За среќа, тие не се меѓу повредените.
Како се одвивала целата драма, Душко емотивно раскажа за Факултети.мк.
Пукаа сите прозорци во станот, дури и оние со метална мрежа
Во тој момент најважно му било да излезе од станот и да замине со своите деца што подалеку, мислејќи дека на отворено ќе бидат побезбедни.
– Надвор беше хаос. На сите страни на улиците имаше стакло. Немаше прозорец од зградите што не беше искршен. Многу автомобили беа уништени. Се слушаа пискотници. Исплашени погледи насекаде. Луѓето беа растрчани и во паника. Никој не знаеше што се случува. Некои велеа дека е бомба и дека експлозијата се случила во близина. Влеговме во автомобилот, но не можев да излезам од населбата каде што живеам. Сè беше блокирано – раскажува Душко.
Го зел телефонот, но немал интернет, ниту мрежа. За што всушност станува збор разбрал од пријателите, со кои едвај успеал да се слушне. Му рекле да се врати дома зашто делот каде што живее е безбеден. Разговорот со нив го смирил и му влеал надеж дека сè ќе биде добро.
Повеќе на Факултети ТУКА.