Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а пет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“.
Од ЦУК соопштуваат дека депонија горела во село Банско, општина Струмица. Ниска вегетација и борова шума гореле во населбата „Света Недела“ во општина Штип. Останатите изгаснати пожари биле на територија на општините Прилеп, Липково и Струга, каде опожарена била ниска вегетација.






