Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на Јабланица

Два армиски хеликоптери од утрово го гаснат пожарот на планината Јабланица, кој веќе трет ден гори во близина на струшките села Радолишта и Фиреште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Армиските хеликоптери се вклучија во гаснењето на пожарот порафи непристапноста на теренот и не можноста тој да се локализира по копнен пат.
„Теренот е непристапен, два дена го гасиме од копно со екипите на Македонски шуми. Затоа побаравме од ЦУК помош за гаснење од воздух“,
велат од Територијалната противпожарна единица во Струга.
Засега не постои опасност од пожарот да бидат зафатени блиските села.
Во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожат во селото Боговица.
Од Општината Струга апелираат до граѓаните да покажат внимателност и целосна одговорност, како и дека палењето оган во планина, на ниви или на отворен простор е строго забрането.
Извор: 360stepeni.mk






