Двајца анестезиолози од ГОБ „8 септември“ заминуваат на работа во „Систина“

Двајца анестезиолози од ГОБ „8 септември“ побарале отказно решение поради трансфер на работно место во приватната болница „Систина“, пишува Фокус. Информацијата за Канал 5 ја потврдил и директорот на болницата Кристијан Костов.

Од вкупно 13 анестезиолози во ГОБ „8 септември“, двајца ќе заминат на работа во приватната болница во екот на пандемијата предизвикана од ковид-19.

Заклучно со вчерашните податоците на Министерството за здравство за состојбата со ковид-19 во земјава, во „8 септември“ хоспитализирани се 123 лица од кои петмина се на респираторна машина.

Back to top button
Close