Двајца мигранти загинаа откако „Ауди“ удри во полициско товарно возило

Двајца миранти од Сирија починале, а неколу други се потешко повредени откако синоќа патничко возило „Ауди Q7“, со скопски регистарски ознаки, удрило во запрено товарно полициско возило, на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучка Радовиш.

Од МВР денеска соопштија дека синоќа во 22.30 часот било пријавено дека на кај клучка Радовиш, „Ауди Q7“, управувано од непознато лице, во кое се превезувале 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР.

– На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, се појаснува во соопштението од МВР.

Во периодот од 22.40 до 23.40 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин, а потоа е пренасочен по спореден пат.

Back to top button
Close