Двајца новозаразени и 11 лица оздравени од коронавирусот во Кичево

 Денеска двајца новозаразени, 11 лица оздравени, според податоците од Министерството за здравство со коронавирус во Кичево. Со што вкупниот број на заразени со ковид-19 во оваа општина достигна на 236 лице, од кои 124 се активни, 102 се излекувани и 10 лица се починати.

-Денеска кај нас имаме двајца новозаболени лица кои се лекуваат во домашни услови под надзор на нивните матични лекари и се разбира дека со во изолација, за среќа пак имаме дури 11 лица оздравено од коронавирусот, информира Емин Насуфи, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close