Двајца од најважните руски олигарси се огласија против војната

Двајца од најважните руски олигарси во последните денови се огласија против војната која се води во Украина.

Олег Дерипаска, руски милијардер кој парите ги заработил со тргување со метали и долгогодишен сојузник на Путин на својот Телеграм профил изрази надеж за крај на војната и брзи преговори. Како што напиша тој „Мирот е најважен! Преговорите мора да почнат што е можно побрзо!“. Поради неговата блискост со Путин тој е на црната листа на САД.

И банкарот и милијардер, Михаил Фридман, во обраќање до своите вработени во петокот војната ја нарече “трагедија“ и изрази надеж за побрзо завршување на истата, како што јавуваат руските медиуми.

Ова се ретки јавни изјави на руските олигарси кои најчесто се одлучуваат да не ги коментираат тековните случувања поради нивната зависност од Кремљ.

Дерипаска и Фридман се највисоките претставници на елитата кои повикаа на крај на војната. Како и други вакви повици во Русија иако тие изразуваат надеж за крај на крвопролевањата одбегнуваат директно да го критикуваат Путин.

Според Форбс богатството на Дерипаска е проценето на 4 милијарди долар, а Фридман “тежи“две милијарди долари.

Back to top button
Close