Двајца од судиите кои ја намалија казната на возачот кој ја усмртни Магдалена, држеа со месеци предмети на Мијалков во фиока

Судиите Енвер Беџети и Лирие Елези се дел од апелацискиот совет што пред околу еден месец донел одлука со којашто на возачот Ангелче Николов кој возејќи пијан ја усмрти единаесетгодишната Магдалена и избега од местото на несреќата, му ја намали затворската казна од 18 на осум години затвор, пишува Фокус.

Двајцата судии станаа познати во јавноста откако Судскиот совет при контрола во Апелациониот суд, констатираше дека неоправдано ги одолговлекувале и ги чувале во фиока предметите „Таргет – тврдина“, предметот за масовното прислушување, во кој беше осуден поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и „Трезор“. Според првостепените затворски казни за овие предмети, Мијалков беше осуден на вкупно 20 години затвор.

 

– Advertisements –

 

 

Судскиот совет констатираше дека судијата Беџети без ниту една релевантна причина девет месеци го чувал во фиока случајот „Таргет-Тврдина, бил судија известител во овој случај и бил одговорен неговиот тек. Неговото име се споменуваше и при разрешувањето на поранешната претседателка на Судски совет, Весна Дамева.

На Елези пак и требале пет месеци да ја напише писмената пресуда за „Трезор“, со што давјцата судии, како што констатираше Судскиот совет, ги довеле кривичните дела за осудените, на чекор до застарување.

повеќе

Back to top button
Close