Двајца приведени демонстранти, четворица повредени полицајци на протестот во Тетово

Четворица полицајци се повредени, а двајца демонстранти се уапсени, соопшти денеска портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифоски, по завршувањето на насилните протести во Тетово.

– Четворица полициски службеници се полесно повредени, а од слобода се лишени две лица, 52-годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево. СВР-Тетово во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот, по што против инволвираните во настанот ќе следуваат соодветни поднесоци – рече Јосифоски.

Денешниот протест во Тетово беше за да се расветли трагедијата со пожарот во модуларната ковид болница, во која загинаа 14 лица.

Демонстрантите се судрија со полицијата во обид да стигнат до седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Back to top button
Close