Двајца приведени поради снимање и навредување полицајци

Тетовската полиција вчера бележи два случаи во кои полициски службеници од страна на граѓани биле неовластено снимани како и навредувани и омаловажувани. Првиот инцидент е околу 15 часот и 40 минути, на кружниот тек на улиците „Маршал Тито“ и „Благоја Тоска“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец А.М., кој ги навредувал, омаловажувал и неовластено ги снимал полициските службеници кои преземале службени дејствија. А.М. задржан е во полициската станица Тетово за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Подоцна во текот на денот, околу 18 часот и 35 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода Т.Т. (48) од градот. Таа исто така неовластено ги снимала полицајците додека преземале службени дејствија.

Back to top button
Close