Двајца Романски државјани измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Лишени од слобода биле двајца романски државјани, откако во полиција било пријавено дека измамиле скопјанка и одзеле пари и златен накит.

– Синоќа околу 19:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР – Скопје ги лишија од слобода Ј.Г., на возраст од 35 години и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама ѝ одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додадоа од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close