Двајца скопјани пратиле по пошта пакет амфетамин на затвореник во штипскиот затвор
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(41), М.П.(39) и Ф.Ѓ.(39), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 16.01.2025 во Казнено-поправниот дом Штип, во пакет наменет за првопријавениот- осуденик во установата, е пронајден и одземен амфетамин, кој второпријавената и третопријавениот му го испратиле по пошта.