Двајца стружани со метални предмети нападнале двајца дебарчани, едниот стружанец пукал и со пиштол па избегал
Лишени од слобода две лица од Струга и струшко, осомничени за физички напад и пукање од огнено оружје.
Како што информираат од МВР, вчера (16.09.2025) во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.К.(29) од Струга и денеска (17.09.2025) околу 11:00 часот го лишиле од слобода Л.К.(34) од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Тие, претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети ги нападнале Б.А.(52) и 17-годишно лице, двајцата од дебарското село Џепиште, по што Л.К. со пиштол испукал неколку куршуми кон Б.А. и избегал. Повредениот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Струга каде се констатирани тешки телесни повреди.
По преземени мерки, двајцата се пронајдени и лишени од слобода.
По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.