Двајца тетовски планинари се искачија на највисокиот врв во Турција

Ана Соколовска и Надир Мурсели, членови на планинарскиот клуб Љуботен вчера успешно се искачија на највисокиот врв во Турција, Арарат на 5.137 метри надморска височина, објавија од тетовскиот клуб.

Двајцата тетовски планирани вчера 16 септември наутро во 6 часот, успеале да се искачат на највисокиот турски врв.

-Ана и Надир беа дел од тим на 15 учесници, членови на повеќе клубови од Македонија организирани за искачување на искачија највисокиот врв во Турција. Им честитаме од срце со желби за уште поголеми заеднички успесии сакаме да знаете дека ПК Љуботен е горд на вас, потенцираат од клубот.

Двајцата планинари испратиле фотографијата на самиот врв со знамето на планинарскиот клуб Љуботен.

Back to top button
Close