„Двајца уметници, една планета” – Звучен перформанс со Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин вторник 23 мај во 19:00 часот

Во вторник 23 мај во 19:00 часот,  КСП Центар-Јадро, патувачкиот перформативен и аудио уметник, Холгер Маик Мертин и фотографката и филмскa документаристка, Сесилија (Ци) Мартенс, Ве канат на звучниот перформанс и разговор насловен „Двајца уметници, една планета”.
Како #twoartistsoneplanet, тие се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на едномесечен проектен престој во Скопје. За време на својот престој тие работат со пронајдени предмети и со „ѓубре” кое го користата за да  создаваат Sound&Movement Performances.
Во Јадро-Центар, Холгер ќе изведе звучен перформанс со локално пронајдени предмети како на пр. пластична хартија и органско ѓубре. По изведбата, Ци  ќе зборува за животот и предизвиците со кои се соочуваат на ова „споро” патување (slow travel journey). Како патеписец и документаристка, таа ќе се осврне и на нивното неодамнешно копнено патувања, долго 7770 километри, во Африка, за кое користеле само јавен превоз. Таа ќе зборува за нивното заедничко создавање на уметност и проекти како и за тоа како е да се живее со полно работно време патувајќи и како сето тоа влијае на нивните перспективи, погледи и искуства.
БИОГРАФИИ:
Сесилија (Ци) Мартенс родена во Јужна Африка е фотографка, документаристка и писателка со долгогодишно работно искуство во сверата на патувањето, туризамот, одржливоста и медиумите.
Родена во претседателската ера пред Мандела во 1994 година во Јужна Африка е една од првите 100 меѓукултурно посвоени бебиња во Јужна Африка. Ова уникатна перспектива на Ци го разгорува нејзиниот интерес за темите – како што се „Моќта на пасошот”, „Разновидност”, „Дискриминација”, „Свеста за ментално здравје”, „Еднаквост и вклученост” и „Одржливост во животот и во уметноста”.
Како етаблиран глас во нејзините индустрии, главниот проект на Ци моментално е #TwoArtistsOnePlanet во партнерство со нејзиниот вереник, Холгер Маик Мертин додека го продолжуваат нивниот проект за „споро” патување низ светот.
 Instagram: @ceecestravel Email: at [email protected]
Холгер Маик Мертин е аудио уметник и активист за одржливост. Неговата работа се фокусира на трансформација на архитектонските објекти и еколошката околина каде настапува со музички инструменти.
Заедно со Филмер и неговата партнерка Ци, тој работи на долгорочниот проект за патување со уметност и одржливост – веќе две и пол години започнуваќи го патувањето во Јужна и Источна Африка, Европа, Балканот и Индија.
Холгер соработувал со меѓународно познати музичари и уметници како Jaki Liebezeit (Can), AnnenMayKantereit, Eberhard Kranemann (ex Kraftwerk), Milan Sladek (mime), DJ Marcelle, WDR Rundfunkorchester.
Повеќе од десет години предавал и истражувал на Универзитетот за музика и танц во Келн. Тој има создадено неколку ударни инструменти и компонирал неколку дела за WDR Radio, а исто така свирел како импров солист со Staatsphilharmonie Nürnberg.

Back to top button
Close