Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско
Две лица загинале а едно било тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп – Градско пред клучката за Кавадарци, потврдија за МИА од Брза помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на лице место.

Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, појасни за МИА дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице на 39 години од Прилеп од другото возило, било транспортирано во тешка здравствена состојба до Општа болница Кавадарци со тешки повреди.
Повеќе информации засега не можеа да дадат.
Лица што случајно се нашле во близина велат за МИА, дека Итната медицинска помош и Противпожарната дошле најбрзо што можеле на лице место. Пожарникари го ваделе преживеанот,о но тешко повредено лице од еден од автомобилите и со Брза помош било пренесено на лекување.






