Двајца загинати и над 20 ранети во напад во американската држава Флорида

Две лица се убиени и над 20 ранети во напад во клуб во Хајалија во американската држава Флорида. Тоа го објави на Твитер шефот на полицијата во округот Мајами-Дејд, Алфредо Рамирес.

– Уште еден акт на насилство во кој е употребено огнено оружје и ранети над 20 лица, и две се убиени, објави тој.

Рамирес додаде дека станува збор за организиран напад.

На местото на нападот запрел џип Нисан од кој излегле три лица и почнале да пукаат во толпата која се собрала за да проследи концерт.

Back to top button
Close