Двајца загинати во нападите врз Израел, во Иран 78 жртви

Израел и Иран разменуваа оган и во текот на ноќта, а експлозии се слушале во Ерусалим и Тел Авив

Две лица загинаа, а десетици се повредени по бранот одмазднички напади на Иран врз Израел, јавува Би-би-си.

Експлозии во централениот дел на Израел се слушале преку целата ноќ, додека милиони луѓе барале засолниште по вклучувањето на сирените.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) пак, велат дека продолжуваат да го напаѓаат Иран, откако во почетниот бран напади загинаа шест нуклеарни научници и врвни ирански команданти.

Иранскиот претставник во ОН вели дека бројот на жртви од неодамнешните израелски напади во Иран е 78, а повеќе од 320 се повредени. Tој додава дека повеќето се цивили.

Повиците до двете страни да покажат воздржаност продолжуваат. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика итна деескалација.

„Израелско бомбардирање на ирански нуклеарни објекти. Ирански ракетни напади врз Тел Авив. Доста со оваа ескалација. Време е ова да престане. Мирот и дипломатијата мора да преовладеат“ вели Гутереш

Back to top button
Close