Двајца загинати во нападот на синагогата во Манчестер
Претходно, полицијата соопшти дека автомобил влетал во група луѓе и дека освен тоа маж бил повреден со нож. На местото на нападот се распоредени тешко вооружени припадници на полициските сили и голем број возила на службите за спасување. Досега нема наводи за мотивите за нападот.
Британскиот премиер Кир Стармер е ужасен од нападот. „Фактот дека ова се случи на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, го прави сето тоа уште пострашно“, соопшти Стармер.
Тој замина порано од самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Копенхаген за да претседава со состанокот на Националниот тим за управување со кризи (КОБРА). Стармер вети дополнителна полициска заштита за синагогите низ целата земја. „Ќе направиме сè што можеме за да ја заштитиме нашата еврејска заедница“, рече тој на аеродромот во Копенхаген. (dw)