Двајца загинати во судар на хеликоптер и авион во АризонаDve osobe poginule u sudaru helikoptera i aviona

Две лица загинаа кога хеликоптерот во кој се наоѓале се судрил со едномоторен авион во предградието на американскиот град Феникс, во сојузната држава Аризона.

Авионот безбедно слетал, инструкторот за летање и ученикот не се повредени, додека двете лица од хеликоптерот загинале.

Полицијата соопшти дека судирот се случил во градот Чендлер, во близина на општинскиот аеродром, и дека нема повредени на земја.

Несреќата се случи во петокот, а пожарникарите и полицијата затекнале многу чад и остатоци на местото каде што се урна хеликоптерот. Пожарот бил брзо изгаснат.

Полицијата бара сведоци или луѓе кои можеби ја снимиле несреќата, со цел да се утврдат причините за судирот

Back to top button
Close