Двајца застрелани и девет повредени на американски универзитет
Пријавена е пукотница на кампусот на Универзитетот Браун во Род Ајленд во САД, а според последните информации, осомничениот не е уапсен, пишува CBS News. Полицијата потврди дека две лица се застрелан, додека девет лица се повредени.

Полицијата во Провиденс објави краток опис на вооружениот маж по кого трагаат. „Во овој момент имаме само прелиминарен опис: станува збор за маж облечен во црно“, изјави началникот на полицијата во Провиденс, Тимоти О’Хара, на прес-конференција.
„Не е познато како влегол во зградата, но знаеме дека излегол од страната на комплексот на улицата Хоуп“, додаде О’Хара.
Полицијата добила пријава за активен стрелец во зграда на Универзитетот Браун, а полицајците влегле во зградата, но не го пронашле осомничениот, рече тој.
„Ги користиме сите расположиви ресурси за да го пронајдеме овој осомничен“, рече О’Хара.






