Два дена завеани во снег и заборавени: Голгота на жителите на Никифорово
Втор ден трае драмата на жителите и посетителите на мавровското село Никифорово, кои останаа отсечени од светот по обилните снежни врнежи што го зафатија западниот дел на државата. Без струја и со нерасчистен пат, многумина се обидоа да ја напуштат селото, но останаа заглавени во снегот пишува пари.мк.
„Маж ми е заглавен на патот Никифорово–Леуново веќе 2,5 часа. Одговорните служби ни рекоа да се јавиме утре,“ вели Наташа Богдановска за пари.мк, чиј сопруг, заедно со други граѓани, ја пречека ноќта заглавен во снежните навеви
Патишта што водат никаде
Иако надлежните служби тврдеа дека патот од Леуново е прооден, граѓаните кои утринава се упатиле кон Скопје беа непријатно изненадени.
…