Два големи пожари во Македонија Гори во Велешко и Скопско, „ертрактор“ и хеликоптери се вклучуваат во гаснење
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во Македонија во моментов се активни два големи пожари.
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), едниот е во Велешко над селото Отовица и зафатил зимзелена шума, додека другиот е во Скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино.
Од ЦУК најавуваат дека наскоро во гаснењето ќе се вклучат авион „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).