Два ножа и сатар пронајдени при претрес во Кривичниот суд во ранец на 20-годишен скопјанец

Дваесетгодишник скопјанец вчера при влез во Кривичниот суд во Скопје се обидел да внесе два ножа и сатар. Откако случајот ќе биде документиран, за него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 19.02.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок

Back to top button
Close