Два објекти во Тетово ќе се реконструираат со швајцарска донација

– Со донација од швајцарската агенцијата за развој и соработка СДЦ во Тетово ќе се реконструира градинката Спортски центар како и објектот на Центарот за социјален простор (Social space centre). Вака одлучија учесниците на форумите кои изминатите месеци се одвиваа во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Општина Тетово е една од 9-те општини која доби средства од проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада, а спроведен од Програмата за развој на Обединетите нации УНДП. Во рамки на овој проект се одржа Четвртата форумска сесија на проектите, информираат од Општина Тетово.

За градинката „Спортски центар“ ќе се одвојат 2.005.740 денари, а со останатите средства од фондот се одлучи да се финансира и вториот проект за реновирање на објектот на Центарот за социјален простор каде треба да се изврши адаптација на читалната. ас/бк/

Back to top button
Close