Два обиди за шверц на девизи на српско- македонската граница, запленети речиси 100 илјади евр

Српските цариници овие пари ги откриле кај брачна двојка македонски државјани и едно лице косовски државјанин

Во текот на изминатите неколку дена, српските царински службеници во соработка со полицијата на граничните премини Прешево и Прохор Пчињски со Северна Македонија спречија два обиди за шверц на девизи преку граница и запленија вкупно 91 000 евра, јави МИА од Белград.

Првиот случај бил на 25 февруари 2022 година на преминот Прохор Пчињски, кога брачна двојка македонски државјани со автомобил со германски регистарски таблички, се биделе да прошверцуваат 40 илјади евра.

Кога поради контрола биле запрени на излез од Србија, рекле дека немаат што да пријават, но, било утврдено дека возачот во личната торба имал 30 000 евра за кои немал потврда, додека во чантата на неговата сопруга биле пронајдени уште 11 000 евра.

Откако на патниците им била вратена дозволената сума од 10 000 евра, со прекршочна пријава е задржана сума од 21 000 евра до завршување на судската постапка.

Во вториот случај на 28.02.2022 година, на преминот Прешево-Табановце, при детална контрола на влез во Србија на „БМВ“ со кое патувал 46-годишен маж со лични документи од Косово, на прашањето дали има нешто за пријавување, патникот одговорил негативно, по што цариниците при преглед на неговиот автомобил во преграда на возачката врата пронашле 80 000 евра.

Ковертот со банкноти од по 500 евра бил добро скриен под разни ситни предмети и музички дискови.

Во прекршочната постапка надлежниот суд ќе одлучува за судбината на 70 000 евра колку што е разликата меѓу откриената и дозволената сума што не мора да се пријави при преминување на српската граница.

Back to top button
Close