Два случаја на коронавирус во Кавадарци

 Два случаја на КОВИД-19 се регистрирани денеска во Кавадарци. Станува збор за 31 – годишно лице и дете на 10 години. И кај двете лица има лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Како што информираше доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, двајцата имале контакт со претходно заразен од коронавирус во семејството.

Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.

Back to top button
Close