Дваесет и двегодишен Македонец, за една ноќ, украл четири автомобили на Брач

Четири автомобили биле украдени една саботна вечер на Брач ​​од 22-годишен државјанин на Северна Македонија, кој по завршување на кривичната истрага бил уапсен и притворен, јавува хрватски „Индекс“.

Фото: EPA/MAURITZ ANTIN

Сплитско-далматинската полиција соопшти дека против 22-годишникот спровела истрага во Полициската станица Брач.

Тој е осомничен дека ноќта на 7 јануари украл четири возила, три во Нережишќе и едно во Супетар, со кои потоа направил сообраќајни незгоди и оштетил едно.

Вкупната материјална штета се проценува на неколку илјади евра.

Тој во неделата со кривична пријава за неовластено користење и оштетување туѓ движен имот е однесен во притвор.

 

 

 

 

 

Back to top button
Close