Дванаесет новозаболени од Ковид-19 во Куманово
Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 12 новозаболени лица од Ковид-19, сите од градот, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 11 пациенти.
– Новозаболените се контакти на веќе регистрираните случаи, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, д-р Ариф Љатифи.
Извршени се 36 тестирања од кои 18 по „МојТермин“ и 18 епидемиолошки тестови. Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.324, а во моментов активни се 302 случаи.