Дванаесет повредени во судир помеѓу два автобуси во Хрватска

Дванаесет лица се полесно повредени во судир на два автобуси денеска попладне на А1 кај излезот на Вучевица во близина на Сплит.

Во КБС Сплит се дознава дека од 12-те примени пациенти тројца имаат главно скршеници и се превентивно задржани во болница на набљудување.

Сообраќајната несреќа во која учествувале два автобуси се случила околу 13 часот и 45 минути на автопатот А1 во близина на Вучевица во насока кон Загреб.

На местото на несреќата веднаш се упатени служби од Итната медицинска помош, полиција и пожарникари.

Во текот на попладнето на местото на несреќата е направен увид.

Неслужбено се дознава дека сите повредени лица се полнолетни хрватски државјани кои се враќале од аџилак

Back to top button
Close