Две 16-годишни ученички од Кичево загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Двете 16-годишни ученички, Ериона Рамадани и Албина Абази, од Школото за средно музичко образование „Дрита“ во Кичево, го загубија животот во сообраќајна несреќа со мотоцикл, која се случи во близина на селото Колибари

Според информациите на полицијата, вчера околу 18:05 часот, 15-годишна малолетничка од Колибари управувала четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола врз возилото и излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале и таа и нејзината сопатничка, 16-годишно девојче од селото Грешница. Лекар констатирал смрт кај двете девојчиња, а по наредба на јавен обвинител телата биле предадени на обдукција.

„Со длабоко жалење информираме дека вчера на локален пат кај селото Колибари се случи тешка сообраќајна несреќа со четирицикл, во која животот го загубија две малолетни лица. Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на настанот“, информираат од полицијата

Училишната управа на „Дрита“ изрази длабоко сочувство, нагласувајќи дека загубата на Ериона и Албина длабоко ja потресе образовната институција. Директорот, наставниот кадар и учениците им упатија искрени изрази на сочувство до нивните семејства, молејќи се Бог да им даде сила да се справат со оваа голема загуба.

Пораката завршува со: „Нека е вечна споменот на Ериона и Албина! Нека почиваат во мир!“

Back to top button
Close