Две американски компании заминуваат од Македонија, над 1.000 лица остануваат без работа

Индустрискиот сектор во Македонија се соочува со сериозен предизвик по најавите дека две големи американски компании, „Aptiv“ и „Dura Automotive Systems“, ќе ги затворат своите фабрики. Заедно вработуваат над илјада лица.

„Aptiv“ компанијата најави постепено намалување на обемот на работа и прераспределба на производството кон други држави, при што фабриката во Скопје треба да биде целосно затворена најдоцна до крајот на 2026 година.

„Dura Automotive Systems“ најави дека производството ќе биде прекинато поради откажување на нарачки од главниот клиент, што довело до финансиска неодржливост на тековните производствени капацитети

Back to top button
Close