Две братчиња во критична состојба откако биле прегазени во Охрид
Тешка сообраќајна несреќа на булеварот Железничка во Охрид. Возач прегази две малолетни лица. Несреќата се случила вечерва на излезот од Охрид, објави порталот Охрид1.
Повредените во критична состојба се пренесени во болница. Станува збор за две братчиња. Порталот пишува дека децата се на воздраст од 8 и 12 години. Тие се враќале дома од на бербер.
Неофицијално возачот на автомобилот кој ги прегазил е жител на с. Лабуништа, пишува Охрид1.
Увидот сеуште трае. Улицата е затворена за сообраќај.