Две деца од 12 и 13 години со телесни повреди откако во нив удрил автомобил

– На крстосница од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Аминта Трети“ во Скопје, вчера во 22 часот патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19), удрило во две деца од 13 и 12 години, при што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди.

По незгодата, како што соопшти МВР, децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Back to top button
Close