Две девојчиња загинаа на плажа во Албанија

Голема трагедија се случи на плажата Тале, во близина на градот Леже во Албанија, каде што две малолетни девојчиња го загубија животот откако се удавија во морето.
Според прелиминарните информации, жртвите, на возраст од 11 и 13 години, биле во дел од плажата без надзор, без присуство на обезбедувачи или спасувачи. Се сомнева дека влегле во водата и не можеле да излезат.
Нивните тела беа из
влечени од морето и испратени во мртовечницата на Регионалната болница Лежа.
Во меѓувреме, полицијата пристигна на местото на настанот за целосно расветлување на причините и околностите за овој трагичен настан, објавува Index online.






