Две фирми кои се поврзуваат со Сашо Мијалков и понатаму се во топ 10 должници на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) објави листа со должници по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На неа се објавени имиња на 1.801 правно лице и 3.606 физички лица.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 9.829.008.706 милијарди денари. Долгот за царински давачки е 201.689.140 милиони денари.

На листата меѓу десетте најголеми должници се и фирмите „Дивелоп груп“ и хотел „Гранд М“ кои се поврзуваат со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.

Станува збор за долгови доспеани до 30.11.2023 и неплатени до 29.02.2024.

Back to top button
Close