Две години по смртта на легендарната пејачка: Вдовецот на Тина Тарнер повторно вљубен, официјално ја претстави избраничката Кристина

По мачниот брак што го имаше со насилниот поранешен сопруг Ајк Тарнер, Ервин Бах ѝ ја врати верата во љубовта на Тина Тарнер. Таа беше на работ на смртта, а тој ѝ даде бубрег и ѝ го спаси животот. Тина и Еврин беа најубавиот доказ дека целиот свет можеме да го освоиме кога ќе ја пронајдеме сродната душа. За жал, бајката заврши пред две години, кога легендарната пејачка Тина Тарнер, кралицата на рокот, нè напушти. Нејзиниот неутешен сопруг целосно се повлече, а сега е повторно среќен.

Тина Тарнер и Ервин Бах/Фото: EPA/MARKUS STUECKLI

Легендарната Тина Тарнер, рок икона, почина на 24 мај 2023 година, а светот беше неутешен. Исто како и Ервин Бах (69), кој, скршен и неутешен по нејзиното заминување, целосно се повлекол во илегала. Но, сега вдовецот на славната пејачка бил виден со нова партнерка.

Како што објавува „Бунте“, угледниот германски продуцент и менаџер првиот ден од август се појавил со својата нова избраничка, Кристина, на гламурозна забава што ја организирал по повод националниот празник на својот имот во Штафа, во округот Цирих.

Станува збор за Американка во шеесеттите години за која, се наведува, е голема љубителка на уметноста и операта, живее во близина на Гштад и не е јавна личност. Тие се запознале минатото лето преку заеднички пријатели. И Кристина неодамна се соочила со загуба и голема болка – нејзиниот сопруг починал во 2023 година, истата година како и легендарната Тина.

– Ние сакаме да ја заштитиме нашата приватност – рекол Бах за швајцарски „Блик“ (Blick).

Ервин Бах остана да живее на велелепниот имот на Циришкото Езеро, во комплекс кој, покрај вилата „Алгонкин“, се наоѓаат уште,неколку други историски згради, голем базен и приватен трговски центар. Тина Тарнер се пресели во Швајцарија на почетокот на деведесеттите години заедно со Бах, кој беше 16 години помлад, со кого беше во врска од 1985 година, но својата љубов ја официјализираа дури во 2013 година.

„Благодарна сум за сè, благодарна сум за мојата нова љубов. Сега можам повторно да бидам среќен“, кратко коментирал за медиумите вдовецот на Тина Тарнер, која повеќепати нагласуваше дека тој е мажот на нејзиниот живот, пишува швајцарски „Блу вин“ (Blue Win).

Back to top button
Close