Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Лекарка од Клиниката за онкологија доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во следните пет години не стори ново кривично дело.

Таа беше обвинета за несовесно лекување болни, а на рочиштето ја призна вината. Обвинетата пред судот потврди дека својот факсимил и лозинка за пристап до внатрешниот компјутерски систем на Клиниката ги оставала на располагање на други специјалисти и специјализанти.

Според обвинителството, токму поради ваквата практика, на седум пациенти – кои во меѓувреме починале – им биле препишувани лекови и терапии кои довеле до влошување на нивната здравствена состојба – Скопје1.мк

Back to top button
Close