Две крводарителски акции неделава, минатата седмица собрани 45 единици крв

Неделава општинска организација на Црвен крст Тетово, заедно со стручни тимови од Центар за Трансфузиона Медицина Тетово организираат две акции за крводарување на тетовското подрачје.

Првата акција е во просториите на касарна на АРМ “Кузман Јосифоски Питу” – Тетово, на ден 13.08.2020 година четврток, со почеток од 09:00 до 14:00 часот. Во просториите на горна Џамија во село Нераштепштина Теарце следниот ден петок 14.08.2020 крводарување е предвидено од 13:30 до 16:00 часот, информира Шкљќим Мурати, секретар во Црвениот крст.

Во текот на минатата недела во акцијата за крводарување во Челопек се собрани 13 единици крв додека во сите работни денови во Службата за трансфузиологија при Клиничка болница Тетово 32 лица дарувале крв.

Back to top button
Close