Две лица од Крушево обвинети за поткуп на гласачи – давале по 1000 и 5000 денари

t

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Х.(33) и Т.Ш.(36), двајцата од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поткуп при избори и гласање“ и „помагање“.

На 14.10.2025, првопријавениот дал поткуп во износ од по 1000 денари на четири лица да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево, додека второпријавениот на едно женско лице дал поткуп од 5000 денари со истата намера.

 

Back to top button
Close