Две лица повредени во напад со нож во Хаг
Две лица се повредени денеска во Хаг во напад со нож во супермаркет каде избил и пожар, соопшти холандската полиција.
Според локалните медиуми, полицијата засега верува дека нема терористички мотиви за нападот, а спасувачките тимови блокираа дел од центарот на градот по пожарот.
Спасувачките служби први биле информирани за нападот со нож и пожарот во супермаркетот Гроте Маркт.
На прашањето за можни терористички мотиви, полицискиот портпарол рече дека „засега нема ниту еден мотив“ дека станува збор за тероризам.
Полициски хеликоптер трага по напаѓачот.