Две лица приведени во струшко, полицијата пронашла дрога
Две лица од Скопје денеска се приведени во струшкото село Луково, поради поседување дрога, соопшти СВР Охрид.
Според информацијата, околу 11 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, ги лишиле од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје.
– При претреси во нивните домови во селото Луково, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност, стои во соопштението.
Лицата, како што е наведено, се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.