Две лица убиени, 14 ранети во пукање во Тексас, напаѓачот ликвидиран: носел маица со иранско знаме

Американските власти истражуваат дали нападот врз Иран можел да биде мотив за пукањето што рано утрово се случи во градот Остин, сојузната држава Тексас, при што две лица се убиени, 14 се ранети, а напаѓачот е ликвидиран.

Според информации на Си-Ен-Ен, повеќе полициски извори потврдиле дека истрагата се движи во насока на можна поврзаност со тероризам, иако официјалните лица предупредуваат дека е прерано за конечни заклучоци.

Напаѓачот, кој исто така бил убиен во размената на оган со полицијата, носел маица со мотив од иранското знаме, потврдиле двајца полициски службеници. Властите дополнително проверуваат дали осомничениот имал проблеми со менталното здравје додека живеел во Тексас. Тројца од хоспитализираните и натаму се во критична состојба.

Back to top button
Close