Две лица застрелани во бистро во близина на аеродромот во Франкфурт
Две лица се застрелани во бистро во Раунхајм во близина на аеродромот во Франкфурт, соопшти денеска германската полиција.

Според првичните полициски наоди, вооружено лице влегло во бистрото околу 3:45 часот наутро по локално време и ги застрелало двете лица, кои веднаш починале.
Полицијата соопшти дека напаѓачот избегал од местото на настанот и оти во тек е потрага. Областа околу бистрото е опширно оградена. Голем контингент на полицијата го бара сторителот, пренесе ДПА.
Мотивите за нападот сè уште се нејасни, изјави портпарол на полицијата






