Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
Европската ракометна федерација номинираше 18 судиски двојки за претстојното машко Европско првенство што од 15.јануари до 1.февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Меѓу 18-те двојки за првпат ќе има и две македонски двојки. Своето деби на Европско првенство ќе го имаат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Секако очекувано на шампионатот се и едни од најдобрите ракометни светски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Самиот факт што има две македонски двојки покажува дека ЕХФ има огромна доверба во македонските ракометни судии.
На шампионатот настапува и македонската репрезентација која е дел од групата Б заедно со Данска, Португалија и Романија. Нашите ракометари натпреварите ќе ги играат во данскиот град Хернинг.