Две малолетнички од синоќа не се дома, полицијата ги бара


Две малолетнички од струшките села Мороишта и Ложани се пријавени дека се оддалечиле од дома, соопшти денеска СВР Охрид. Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот. Но и на другото девојче не му е првпат да се бара како исчезнато.

„Во ОВР Струга, синоќа во 23 часот, Љ.П.(43) од село Мороишта, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информира портпаролот на СВР Охрид“, Стефан Димоски.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.

Back to top button
Close