Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17:00 часот.
Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и таа и нејзината 14-годишна сопатничка.
Повредите се констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
На местото на несреќата е извршен увид од екипа на СВР Скопје.






