Две момчиња завршија во болница вчера поради премрзнување во Вардар
Две млади момчиња, на возраст од 20 и 26 години, завршија во болницата „8 Септември“ поради премрзнување, откако учествуваа во традиционалното фрлање на светиот крст во реката Вардар по повод празникот Водици.

Иако биле пренесени во болница, нивната здравствена состојба е стабилна.
Оваа година условите во реката беа особено предизвикувачки, а студената вода и високиот водостој на Вардар го отежнаа пливањето и безбедното излегување на учесниците на кејот.
Неколкумина од скокачите по светиот крст мораа да се држат за сигурносните јажиња додека спасувачките екипи ги извлекуваа од водата.
Екипите на Црвениот крст беа постојано присутни и им пружаа помош на пливачите, обезбедувајќи никој да не остане во вода подолго од безбедното






