Две награди за Макстил од Македонска берза

Макстил е добитник на две награди од Македонска берза за хартии од вредност, награда за „Акција со најголем пораст на цената во 2022 година“ и  награда за „Акција со најголем пораст на прометот во 2022 година“. Изборот на наградените друштва кои котираат на македонската берза и компании во различни категории се прави врз основа на квантитативни статистички показатели и дефинирани квалитативни критериуми согласно утврдени процедури за статистичка анализа на остварениот берзански промет во тековната година.

„Добивањето на овие награди втора година по ред зборува најмногу за вредноста на Макстил како компанија и работата дури и во година на најголема економска и енергетска криза без никаква помош или субвенции од државата. И покрај сите неизвесности и сериозни предизвици, Макстил успеа да ги постигне зацртаните цели, да го одбележи својот јубилеј и да ја исполни својата општествена одговорност кон граѓаните и заедницата од широк опсег со повеќекратни вредни донации. Оваа година не изостанаа ни инвестициите во развојните програми и во безбедноста на нашите вработени. Од сите овие аспекти на работата на Макстил, произлегоа позитивните резултати што сега ги гледаме и преку овие две награди од Македонска берза со што дополнително се вреднува компанијата“, истакна Марија Дуковска Павловска, Извршен член на Одборот на директори и Генерална директорка, при доделувањето на наградите.

Наградите се доделуваат веќе втора година на годишното наградување на членките и котираните друштва а со цел да им се даде признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и субјекти на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Во доделувањето на годишните награди учествуваат сите компаниите кои котираат на берза и се дел од македонскиот пазар на хартии од вредност. Наградите се доделуваат во 7 различни категории дефинирани според разни показатели и берзански индикатори.

 

Back to top button
Close