Две паралелни прослави за Рамковниот договор,една на владата, другата академија на ДУИ
На две паралелни прослави утре ќе се одбележува 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Едната прослава ја организира вицепремиерот Изет Меџити, дел од владејачката коалиција „Вреди“, и ќе се организиран во Музејот на современа уметност.
Таму ќе се обрати и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Меџити.
Според официјалната покана која стигна од министерството на животна средина и во која како организатор е наведен вицепремиерот Изет Меџити,прославата ќе започне со панел дискусии, а централната прослава ќе биде во Музејот за современа уметност. Свечена седница ќе се одржи и во влада на која ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски.
Во петокот, коалицијата Вреди упати покана до ДУИ за учество во државно одбележување на 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор со порака дека ако организираат паралелен настан, дека ќе ги „девалвираат придобивките за Албанците од Охридскиот мировен договор“
ДУИ ја одби поканата од како што велат моноетничата влада со коалиционен партнер (Вреди) кој нема легитимитет да ги претставува албанците во владата.
Инаку Адеми по првичниот повик од Вреди да се приклучат на заедничката владина прослава на годишнината обвини албанската коалиција во власта го предала Охридскиот договор на „путинистот Иван Стоилковиќ“ со што Албанците биле предадени на „Вучиќ и Путин“.
Адеми уште еднаш потенцираше дека Вреди се „губитници на претседателските и парламентарните избори, без легитимитет од гласачите“ и „привезок на ВМРО“.
„Следствено на тоа, оваа моноетничка Влада, нема легимитет да ја организира годишнината на Охридскиот Договор. Исто така, средствата за одбележување на годишнината од Охридскиот Договор, Стоилковиќ и оваа моноетничка Влада ги намалија, како што ги намалија за одбележување на Денот на албанската азбука“, напиша Адеми во петокот како реакција на прес конференцијата на Вреди, која ја водеше ќерката на покојниот албански политичар Имер Имери кој е еден од потписниците на Рамковниот договор.
ДУИ утре на денот на одбележување на Рамковниот договор ќе организира академија на која се очекува да ги објават идеите и предлозите на меѓународни експрти предводени од авторот на Рамковниот договор донесен во 2001, Пол Вилијамс. Екипата според ДУИ работи на неколку предлог идеи за да се оневозможи непочитување на волјата на гласачите во иднина и нарушување на духот на Охридскиот договор, истакнувајќи дека суштината на Охридскиот Договор е да се спречи доминацијата на мнозинството (мајоризација) над втората по големина етничка заедница промовирајќи вистинска мултиетничка и консензуална демократија